Андов: Со договорот се покажува дека Македонија не е само грчка, туку постои и Република Македонија

Андов: Со договорот се покажува дека Македонија не е само грчка, туку постои и Република Македонија
13.06.18   12:36

Прочитано : 607

Print This Article
loading...

Првиот претседател на Парламентот на Македонија Стојан Андов смета дека реакциите по објавата дека Заев и Ципрас постигнале договор за името се нормални.

Како што вели, очекувана е реакцијата на опозицијата, која беше иста и во нашава земја и во јужниот сосед.

-Во 1993, кога требаше да влеземе во ОН, тоа беше исклучително потребно, но тогашната опозиција беше против преговорите поради референцата ПЈРМ, потсетува Андов, кој се смета за познавач на проблемот бидејќи го решавал од тешки позиции.

-Малку сум изненаден што постигнаа согласност, мислев дека ќе се влече, дека ќе се наоѓаат изговори. Уште не е потпишан, да видиме како ќе оди. Ова е уникатен случај во историјата на ОН, многу е тежок, сега треба да видиме како ќе тече, предупредува Андов во Студио 1.

Тој смета дека треба да се очекува реакција од грчкиот парламент, односно дали таму ќе помине овој договор бидејќи со ова се покажува дека Македонија не е само грчка, туку постои и Република Македонија.

-Не знам дали ќе преживее оваа работа до крај. Грција избегнуваше, не сакаше да преговара директно со нас, туку преку медијаторите. Со ова прашање во Грција се добиваат или се губат изборите – додава Андов.

Тој смета дека, според информациите што ги добиваме од Заев, па и од Ципрас и од Коѕијас, тешко може да се добие повеќе од ов, но се уште е многу неизвесно како ќе реагира грчкиот парламент.

-Повеќе не можеше да се добие, но не знам дали ќе преживее договорот до крај. Објективно, договор со Грција ни треба, Грција го избегнуваше затоа што не и треба и затоа не преговараше директно туку преку посредници во ОН, изненадува што прифатија директни преговори, рече Андов.

  Категории: