Андерсон во маратонски натпревар против Изнер стигна до финале на Вимблдон

Андерсон во маратонски натпревар против Изнер стигна до финале на Вимблдон
13.07.18   21:50

Прочитано : 150

Print This Article
loading...

Јужноафриканскиот тенисер Кевин Андерсон е првиот финалист на Вимблдон, откако во маратонскиот полуфинален натпревар во пет сета го победи американскиот тенисер Џон Изнер.

Андерсон по шест часа и 41 минута игра со 7:6, 6:7, 6:7, 6:4, 26:24 го совлада Изнер, а само петтиот сет траеше два часа и 55 минути.

Двајцата тенисери го одиграа најдолгото полуфинале во историјата на Вимблдон.

Во неделното финале Андерсон ќе се соочи со подобриот од натпреварот меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.  

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно