АНАЛИЗА: Владините трошења растат – но за што?

АНАЛИЗА: Владините трошења  растат – но за што?
14.02.17   13:29

Прочитано : 325

Print This Article

Владините трошења растат, но драматично за отплата на долгови – главница и камати. Голем  дел од буџетскиот колач или скоро 20 отсто завршува за трансфери, најмногу до фондовите а не е мала ниту ставката за плати и надоместоци, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. На хартија – за судската власт проектирани законски лимити на средства што морале да бидат одборени и дадени,  во пракса, тие пари целосно не стасале до судовите.

 pari11-860x680[1]

Како и зашто се трошел Буџетот ..

Дури 19,7% од Буџетскиот колач завршува за тековни трансфери до вонбуџетски корисници – во кои спаѓаат и фондовите а 16,2 % од буџетскиот расходи завршуваат за плати и надоместоци. Структурата за трошење на буџетските пари, што ја објави Државниот завод за статистика покажува дека за каматни плаќања завршуваат 4,5% а за социјални бенефиции 4,9%. За капитални раходи кои се сметаат за клучни во равојната компонента на Буџетот,  во 2015 година се одвоиле 7,58%. Значајна е ставката за отплата на главнина преку која се одлеале 19,8% од Буџетот.

Вкупните буџетски расходи само за една година, или во 2015 во однос на 2014 година се зголемиле за 20,1%, при што најголем раст за цели 182% има кај расходите за отплата на главнина а кај каматите пак растот изнесувал 26,9%. Од дрга страна, во истиот анализиран период капиталните расходи се намалиле за 3,0%.

Со овој ревизорски извештај е направена ревизија на Основниот буџет за 2015 година но било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2014 година.

Управувањето и извршувањето на Буџетот за 2015 година, во делот на планирање и извршување на расходите и другите одливи и планирањето и извршувањето на приходите, според ревизорот, во најголем дел биле во согласност со износите утврдени во рамките на одборените буџети на одделни буџетски корисници, освен во делот на трансферите до единиците на локалната самоуправа и средствата во рамките на буџетот за судската власт.

 

Финансирање на судската власт …

На хартија – утврдени и планирани износи за финансирање на судската власт, во пракса – буџетската исплата на помали суми од законски утврдените. Ова се дел од наодите на државниот ревизор кои се однесуваат на финансирање на судската власт.

“Со извршената анализа  на податоците кои се однесуваат на одборените средства за судската власт, за периодот од 2012-2015 година, како и имајќи ја предвид пропишаната висина на нивното одборување, утврдивме дека со воспоставнената динамика на одборување на средства во рамките на буџетот за судската власт,, во наведениот период не е достигнатот законското утврдено ниво на буџетот предвиден  за судската власт во висина од 0,8% од Бруто домашниот производ” – се наведува во ревизорскиот извештај.

Така на пример во 2012 година, требало да бидат одборени 0,50 отсто а била дадени 0,45% , во 2013 година според ревизијата, има позначајно потфрлување па наместо потребните 0,6% за судската власт биле доделени средства во висина од 0,39%. Во 2014 година наместо 0,7% – биле доделени 0,41% а во 2015 наместо 0,8%, за судската власт биле доделени 0,38%.

“Ваквиот начин на планирање и финансирање на судската власт создава ризик за целосно обезбедување на стабилно, долгорочно, рамномерно и соодветно финанирање на судската власт” – констатира ревизорот.  Министерството за финансии доставило забелешки во однос на ревизорскиот извештај.

“Од страна на раководното лице во Министерството за финансии добиени се забелешки на Нацрт – извештајот на државниот ревизор, истите се разгледани и констатирано е дека дел претставуваат известување за утврдените состојби, дел делумно се прифаќаат и дел не се прифаќаат” – наведува ревизијата.

Од дадените седум препораки по ревизијата во 2014 година, според ревизорот, утврдено било дека четири препораки се во тек на спроведување, една е целосно споведена и две препораки не биле спроведени.

Темпото со кое се задолжува Македонија, заедно со намената на тие кредити, чество се нотира во извештаите и на меѓународните финансиски институции, кои препорачаа консолидирање на јавните финансии. Од друга страна, за годинава веќе е најавено ново задолжување со Еврообврзница.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o