Амди, Ѕинго и останатиот шљам на македонскиот политички панаѓур

Амди, Ѕинго и останатиот шљам на македонскиот политички панаѓур
16.05.18   18:40

Прочитано : 541

Print This Article
loading...

Ви пренесуваме дел од колумната на Џабир Дерала за Цивил Медиа:

Влегувањето на таа насилничка гротеска од политичар Амди Бајрам во владата не е ни оддалеку помалку неморална политичка постапка, отколку влегувањето на еден Ѕинго. Штетата која македонската демократија ја претрпе во изминатите децении, а особено во времето кога овој кратовски деспот беше во верна и топла прегратка со ВМРО-ДПМНЕ, е неспоредливо поголема, отколку онаа што ја предизвикал кланот на Амди. И – не се единствените живописни „народњаци“ во македонската чорба која мора да ја сркаме и прескапо да ја платиме.

Причините што Амди, а со тоа и владата на Заев, е мета на онлајн гневот лежат во неговата видлива вулгарност и насилништво. Амди е човекот кој физички нападна кандидатка за пратеничка (сега вице-премиерка) среде избирачко место, тепаше, ограбуваше и малтретираше сѐ што мрда во Шуто Оризари и секаде каде што за тоа му се укажуваше можност.

Но, Ѕинго е неспоредливо поголем насилник, деспот кој преку својата бизнис-политичко-медиумска империја влијае на целото македонско општество со децении наназад. Тоа е човек од кој проплака и старо и младо во Кратово и секаде кај што е присутен овој пост-комунистички олигарх, инаку некогаш близок пријател на Слободан Милошевиќ.

Аргументите за овие непопуларни потези на Заев се дека реформските зафати и аспирации на Македонија се преголеми за кревкото парламентарно мнозинство кое го има сегашната владејачка партија. Сонот за напредокот на Македонија не може да се достигне без да се постигне бројката на брзи прсти на копчињата за гласање во Парламентот. Па нека се тие брзи прсти и долги и длабоко зацапани до лакти во џебовите на граѓанките и граѓаните, во криминал, самоволие и насилие. Дали тоа е доволно добро оправдание? Дали целта ги оправдува средствата? Дали до животот треба да стигнеме со амнестија на корумпирани насилници и деспоти?

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

loading...
  Категории: