Актерите утре ќе го чистат ѓубрето на скопските клиники

Актерите утре ќе го чистат ѓубрето на скопските клиники
12.07.18   14:33

Прочитано : 203

Print This Article

Актерите преку фејсбук се организираа утре да го чистат дворот на скопските клиники, кој веќе неколку недели е преплавен со ѓубре.

„На претходниот мој статус веќе реагираа неколку колеги/шки. Решивме да започнеме со акција за чистење утре. Се наоѓаме пред влезот на Клинички центар во 10часот.
Ќе има црни ќеси и ракавици, но за тие што сакаат да ни се придружат, нека земат нешто дополнително. Цел ни е како уметници да влијаеме во промената на свеста на граѓаните кои се однесуваат несовесно кон животната средина. Планираме акцијата да ја правиме еднаш неделно на различни локации за време на летниот период. Секој што сака да ни се придружи е добредојден – напиша актерката Сања Арсовска на својот фејсбук профил.

-Сонував како ние уметниците го чистиме дворот на клинички центар. Се разбудив и си викам, па и онака сезоните во театрите ни се завршени, ништо не работиме, што не се собираме барем еднаш неделно на некои критични места и да зачистиме ѓубре? Како уметници секако имаме должност во градење на културолошки вредности, без разлика дали се уметнички, социјални, еколошки, сообраќајни…
Ако направиме некаква акција, може нешто ќе промениме во јавната свест, некој ќе сфати дека освен право на животна средина има и обврска кон истата. Некако ми дојде идејава, може е глупа, ама ако се јави некој колега расположен за вакво нешто, јас би се нафатила на драга волја- претходно напиша Арсовска што беше и поводот за доброволната акција на актерите.

loading...
loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести