Актерите треба да бидат фактор на сплотување, не на поделби – Јавноста наспроти Владо Јовановски

Актерите треба да бидат фактор на сплотување, не на поделби – Јавноста наспроти Владо Јовановски
17.02.17   13:17

Прочитано : 1,072

Print This Article

Лавина реакции предизвикаа ставовите на еден од најпознатите македонски актери. Владо Јовановски наиде на остри критики од јавноста, колегите и политичките партии откако на својот “Фејсбук” профил напиша дека ќе има нова војна, а подоцна праша и колку чини еден килограм пластичен експлозив на црниот пазар.

vlado-jovanovski

„Навистина е крајно време, особено кога излегува од устата на еден уметник, кој треба да биде интелектуалец и свест на едно општество, навистина е премногу дегутантно тие работи да не наидат на една општа осуда од општеството. Затоа што навистина за таква работа, војна, многу малку фали, некогаш е потребно само едно чкорче да се случи и мислам дека премногу далеку се отиде со таа реторика“, изјави Сашо Тасевски – Актер.

Долгогодишниот македонски музичар Златко Ориѓански кој вели дека три децении го знае Јовановски исто така ги осуди објавите на социјалната мрежа.

„Владо Јовановски, те познавам можеби 30 години како актер и како човек, те знам и пијан и трезен. Ти мене, како музичар. Денес, повикуваш на војна. Јас не можам да пукам во никого, ниту во тебе, ниту во твоите деца. Ти си спремен да пукаш во мене ? Пукај бе братучед, пукај!“, соопшти Златко Ориѓански.

Ваквите и слични ставови на јавните личности треба да се прифатат доста сериозно, вели воено политичкиот аналитичар Благоја Марковски. За ТВ 21 тој изјави дека долгата политичка криза создава тензии меѓу населението.

„Во Македонија во овој момент се случува еден феномен, што од една страна имаме барање на разни начини и по секоја цена да се избегне заслужената казна од евентуалните недела кои ги правела актуелната власт. А, од друга страна имаме нивно оправдување од страна на јавни личности и граѓани кои на сметка на својата иднина и на сметка на својот стандард се ставаат во одбрана на ваквите криминални дејствија“, изјави Благоја Марковски.

Осуда пристигна и од СДСМ од каде велат дека ова е добро познато сценарио на ВМРО-ДПМНЕ во чија суштина лежи обидот на Груевски да се спаси од затворска институција.

„Македонија е мирна, стабилна и демократска држава. Паѓањето на власт која е исклучиво криминална и криминогена е суштината на кризата во која се наоѓа Република Македонија“, изјави Петре Шилегов – портпарол на СДСМ.

Новата влада, во која нема да партиципира ВМРО-ДПМНЕ, ќе се соочи со проблеми, предупредија пред неколку дена од оваа партија по средбата со амбасадорката на ОБСЕ Нина Соумалаинен.

извор: Тв21

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: