Ахмети: План Б нема, НАТО и ЕУ се единствена алтернатива

Ахмети: План Б нема, НАТО и ЕУ се единствена алтернатива
14.09.18   21:16

Прочитано : 155

Print This Article

Ахмети: План Б нема, НАТО и ЕУ се единствена алтернатива

Соопштение на ДУИ

Демократската Унија за Интеграција синоќа беше присутна и во Општина Пласница каде се повикаа сите граѓани да излезат и да гласаат ЗА на референдумот на 30 септември.

Претседателот на ДИУ, Али Ахмети истакна дека план Б нема и доколку некој има друга алтернатива, тоа е Русија, затоа на 30 септември треба да одлучиме дали Македонија ќе биде европска.

“Овој момент нема да се повтори бидејќи на 30 септември гласаме за мир, за побезбедна Македонија, добри меѓуетнички односи, добри меѓусоседски односи, гласаме за иднината, гласаме за да имаме подобар живот и друга алтернатива освен НАТО и ЕУ немаме. Сите заедно да излеземе и на 30 септември да чекориме ЗА Европска Македонија, за постабилна Македонија“, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

За време на денешниот ден, Централниот штаб на Демократската Унија за Интеграција ќе биде присутен во Преспа и Битола во рамките на активностите за референдумот кој ќе се одржи на 30 септември.

 

loading...
loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести