9 здрави навики кои треба да ги научиме од Скандинавците

9 здрави навики кои треба да ги научиме од Скандинавците
14.03.17   15:48

Прочитано : 1,638

Print This Article

Скандинавците важат за едни од најсреќните луѓе во светот. Државите како Исланд, Данска и Шведска, пак, постојано се рангирани во петте најдобри земји за живеење.

cykling_koebenhavn_0_0

Ваквата позитивна статистика е резултат на исклучително високата стапка на животно задоволство, здравје и социјална кохезија кај жителите на нордиските земји.

Постојат бројни здрави навики што може да ги научиме од скандинавските традиции, а со нивна примена и да го подобриме квалитетот на нашите животи.

Прочитајте кои се деветте работи со кои треба да почнете уште денес:

1. Одете на работа со велосипед

Спортот е начин на живот во скандинавските земји, не само поради тоа што луѓето постојано вежбаат, туку и бидејќи физичката активност е беспрекорно внесена и во дневните рутини на нордиските народи. На пример, речиси 30 проценти од Данците и Швеѓаните што живееат во градовите, постојано го користат велосипедот како превозно средство за одење и враќање од работа.

9-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-nauchime-od-skandinavcite-1.jpg

2. Приклучете се на спортски тим или клуб

Во Шведска, членувањето во спортски клуб вообичаено започнува уште на рана возраст, а трае се до пензионирањето. Покрај придобивките кои произлегуваат од редовното вежбање, посветеноста на било кој тип на тимска спортска активност, во значителна мера ги зголемува шансите да останете мотивирани поголем временски период, како и да продолжите со вежбањето на подолг рок.

9-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-nauchime-od-skandinavcite-2.jpg

3. Редовно посетувајте сауна

За Скандинавците, одењето во сауна претставува мошне важен дел од локалната култура. Уживајќи во благодетите на сауната, тие искусуваат бројни придобивки за здравјето, како што се исфрлањето на токсините од телото, зголемување на квалитетот на сонот и подобрување на работата на кардиоваскуларниот систем. Истовремено, потењето доведува и до согорување на калориите во телото. По излегувањето од сауна, не заборавајте и да се истуширате со студена вода или да „скокнете“ во ледена бања. Покрај тоа што ќе се чувствувате одлично, ваквиот потег ги затвори порите на кожата и му сигнализира на телото да ја зачува топлината, подобрувајќи ја циркулацијата и зголемувајќи ги кардиоваскуларните придобивки од сауната.

9-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-nauchime-od-skandinavcite-3.jpg

4. Хранете се на скандинавски начин

Луѓето во северниот дел на Европа традиционално консумираат многу мрсна риба, ‘ржан леб и коренест зеленчук, за што се покажало дека им нуди одлични здравствени придобивки. Од друга страна, нордиските порции имаат многу помалку состојки од останатите европски кујни. Рибите како што се харингата, скушата и пастрмката се богати со протеини, омега-3 масни киселини и антиоксиданси, додека широкиот избор на коренест зеленчук и ‘ржаниот леб со низок гликемиски индекс, брзо ја заситуваат гладта. Ова го редуцира ризикот од прејадување, што не е случај и во кујните со полесна храна.

9-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-nauchime-od-skandinavcite-4.jpg

5. Консумирајте што помалку јаглехидрати

Скандинавската кујна не е по сечиј вкус и тоа е сосема разбирливо. Сепак, дури и ако не сте љубители на типичните нордиски деликатеси, можете да се придржувате до нивниот режим на исхрана на бројни други начини. Во суштина, она што треба да го знаете е дека традиционалната скандинавска кујна е здрава, бидејќи се базира на консумирање храна што содржи малку јаглехидрати, а многу протеини.

9-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-nauchime-od-skandinavcite-5.jpg

6. Правете мали паузи на работа

Просечната работна продуктивност е тесно поврзана со мотивацијата на вработените и нивната способност да се фокусираат. Фокусирањето бара ментален напор, а менталниот напор ги исцрпува резервите на енергија. Поради тоа, Скандинавците имаат развиено мошне добра традиција на правење мали паузи во текот на работниот ден. Во Шведска, оваа традиција се нарекува „Fika”, или кафе пауза. Правењето чести, а кратки паузи додека работите, ќе ви помогне да останете мотивирани, го зајакнува моралот и ја зголемува продуктивноста кога ќе се вратите на работните задачи. На долг рок, правењето постојани паузи на секои 30-60 минути, доведува до намалување на стресот, а до зголемување на задоволството од работата.

9-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-nauchime-od-skandinavcite-6.jpg

7. Појдете на годишен одмор

Секогаш имајте на ум дека не живеете за да одите на работа секое утро. Ова може да им делува тешко и неостварливо на одредени луѓе, бидејќи модерното општество сè повеќе го изедначува професионалниот со приватниот живот. Се разбира, нема ништо лошо во тоа страствено да ја обожувате својата професија, но од особена важност е да запаметите дека треба ви се потребни денови за одмор и исклучување од сè што е поврзано со работата. Скандинавските земји се меѓу „најдарежливите“ кога станува збор за одморот на вработените, а кој се движи и до 5 недели.

9-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-nauchime-od-skandinavcite-7.jpg

8. Посветете си време на себе и најблиските

Една од причините поради кои Данска се смета за една од најсреќните земји за живеење, со сигурност е и данската традиција „Hygge“. Се уште не постои буквален превод на поимот, но најдобро се опишува како мирни моменти за себе и другите. Како клучен елемент за преживување на долгите и мрачни зими во Данска, оваа мошне убава пракса се користи за посветување време само на себе и за создавање простор каде се чувствувате пријатно – без оглед на тоа дали сте склопчени на каучот со омилената книга, или, пак, подготвувате вечера со најдобрите пријатели. Најважното нешто што треба да го преземете од овој концепт е – што и да правите, тоа мора да биде удобно за вас самите, а обѕирно кон другите.

9-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-nauchime-od-skandinavcite-8.jpg

9. Прегрнете го студеното време

Половина од Скандинавскиот Полуостров е со поларна клима и ниски температури. Сепак, дури ни студеното време не ги спречува Финците, Данците и Швеѓаните да бидат активни. Во Шведска, приближно 50% од населението практикува редовни кардиоваскуларни активности за време на долгите и напорни зимски месеци. За ваквата форма на тренинг се покажало дека има многу важни здравствени придобивки. Физичката активност на студено време согорува многу повеќе калории, дополнително го зајакнува срцето, белите дробови и циркулаторниот систем, а помага и во спречување на сезонското афективно растројство (сезонска депресија), што е многу поприсутно меѓу популацијата во зима.

9-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-nauchime-od-skandinavcite-9.jpg

извор: Црнобело

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: