8 состојки во 1 сад и добивате Браунис со чоколадо, кафе и Бејлис

8 состојки во 1 сад и добивате Браунис со чоколадо, кафе и Бејлис
20.03.17   19:33

Прочитано : 254

Print This Article

8 едноставни состојки кои се мешаат во еден сад = 16 неодоливи браунис парчиња. Зарем има нешто подобро и поедноставно?

braunis-so-cokolado-kafe-i-bejlis-001

Се подготвуват брзо и лесно, а вкусот е раскошно чоколаден. Се чувствува и мала нота кафе и Бејлис кои ги прават овие браунис неодоливи.

Однадвор лесно крцкави, а внатре меки, сé што ви е потребно за подготовка на овие браунис колачи е следново:

  • ½ шолја стопен солен путер
  • ¾ шолја шеќер
  • ¼ шолја Бејлис ирски крем
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 2 големи јајца
  • ¾ шолја какао
  • ½ солја сенаменско брашно
  • 1-2 лажички инстант кафе во гранули
  • ½ шолја парченца чоколадо

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°C.

Ставете хартија за печење во помало тавче, со димензии околу 20×20 cm.

Во подлабок сад измешајте ги заедно путерот, шеќерот, ванилата, Бејлисот и јајцата додека добро не се соединат.

Додадете го какаото, брашното и кафето. На крајот додадете ги парченцата чоколадо.

Префрлете ја смесата во тавчето и печетe од 20 до 25 минути.

Оставете ги да се оладат и исечете на коцки.

Доколку сакате чоколаден прелив врз коцките, стопете ½ шолја чоколадо и ¼ шолја Бејлис и испрскајте ги колачите.

Braunis-so-cokolado-kafe-i-Bejlis-02.jpg

Braunis-so-cokolado-kafe-i-Bejlis-03.jpg

Braunis-so-cokolado-kafe-i-Bejlis-04.jpg

Braunis-so-cokolado-kafe-i-Bejlis-05.jpg

извор: Црнобело

 

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: