7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувања

7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувања
14.05.18   10:56

Прочитано : 462

Print This Article
loading...

Понекогаш е навистина тешко да си признаете дека имате проблеми, особено ако не се очигледни. Ова важи и за холивудските ѕвезди кои наводно не би требало да се грижат за ништо. Сепак, и тие се само луѓе, а некои од нив решиле јавно да прозборат за своите ментални проблеми со цел да ја подигнат свесноста за нив.

1. Мараја Кери: Биполарно нарушување

7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувања

Неодамна Мараја изјавила дека ја криела својата дијагноза цели 17 години бидејќи се плашела дека ќе ѝ ја уништи кариерата. Во 2001-ва година завршила во болница по нервен слом и психичко истрошување. Тогаш била дијагностицирана со биполарно нарушување. Оваа болест е карактеризирана со добро расположение и позитивна енергија следени од депресија и губење мотивација. Последните 2 години биле најтежок период од нејзиниот живот. Тогаш решила да се отвори за нејзиниот проблем и да започне со лекување.

 

 

2. Џ. К. Роулинг: Депресија

7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувања

Познатата писателка признала дека по разводот со нејзиниот прв сопруг останала без пари, била во депресија и имала суицидни мисли. Ја спасиле нејзината ќерка и нејзиниот лекар. Таа ја опишува депресијата како отсуство на какви било чувства, како и губење секаква надеж дека некогаш ќе се чувствува подобро.

3. Дејвид Бекам: Опсесивно компулсивно нарушување

7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувања

Кога Бекам ќе влезе во хотелска соба, не може да се опушти сè додека сите работи не се на своето место. Ова нарушување е состојба каде што луѓето постојано ги проверуваат работите и мораат да повторуваат одредени рутини одново и одново. Сите нешта во неговиот дом мора да се наоѓаат на своето место, вклучувајќи ја и храната во фрижидерот.

4. Ема Стоун: Панични напади

7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувања

Познатата актерка страда од панични напади уште од нејзина 7-годишна возраст. Овие напади на анксиозност и страв често се придружени со треска, повраќање, потење и чувство на слабост. Актерката изјавила дека уште како дете страдала од анксиозност и посетувала терапевт.

5. Рајан Рејнолдс: Анксиозност

7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувања

 

 

Рајан бил одгледан од строг татко и страдал од анксиозност уште како дете. Анксиозноста е необјасниво чувство на страв придружено со нервоза, тресење, забрзано чукање на срцето и вртоглавица. Неговата анксиозност го достигнала врвот за време на снимањето на филмот „Дедпул“ (Deadpool). Бидејќи станувало збор за голем проект, актерот бил загрижен дека ќе ги разочара фановите. Поради анксиозноста не можел ни да спие. Тој доживеал нервен слом, а лекарите и неговата сопруга му помогнале да се справи.

6. Мајкл Фелпс: Дефицит на внимание со хиперактивност

7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувања

Ова нарушување не им дозволува на пациентите да се концентрираат и да запомнат одредени информации. Тие немаат самоконтрола и се импулсивни. Олимпискиот шампион бил дијагностициран со нарушувањето кога имал 9 години. Бил толку проблематичен што една од неговите учителки изјавила дека никогаш нема да успее во ништо. Фелпс неколку години примал лекови, а денес успешно се справува со болеста и без нив.

7. Деми Ловато: Булимија

7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувања

Деми Ловато била дијагностицирана со булимија откако ја прекинала 6-годишната врска со своето момче. Луѓето со ова нарушување се прејадуваат, а потоа се присилуваат да повратат поради претерана грижа за својата тежина. Деми успеала да се справи со болеста, па дури и направила документарец со цел да им помогне на другите. Иако сè уште заздравува, таа ја контролира својата тежина со здрава исхрана и редовно вежбање.

извор: Кафепауза

  Категории: