5 погрешни сфаќања за анксиозноста кои сè уште се доста чести меѓу луѓето

5 погрешни сфаќања за анксиозноста кои сè уште се доста чести меѓу луѓето
16.04.18   12:14

Прочитано : 573

Print This Article
loading...

Менталните нарушувања сè уште се табу-тема и луѓето ретко се одлучуваат отворено да зборуваат за нив. Токму тоа придонело општеството да формира одредени сфаќања и ставови во однос на менталното здравје, коишто често може да бидат сосема погрешни. Сепак, колку и да се укажува дека не се точни, истите уште остануваат и голем број луѓе се повикуваат и се потпираат на нив, третирајќи ги како факти.

За среќа, во последните години сè повеќе се зборува за менталното здравје, како преку медиумите, така и преку кампањите за покренување на свесноста на јавноста. Анксиозноста е поим што е често присутен во овие кампањи, но како и за сè друго, луѓето и за неа формирале некои погрешни мислења и сфаќања, без да разберат како всушност таа влијае врз личноста. Ова се некои од најчестите погрешни ставови во врска со анксиозноста:

1. Стресот е исто што и анксиозноста

Иако е вистина дека речиси секоја личност во животот барем еднаш ќе биде изложена на стрес, кој потоа ќе предизвика епизода на анксиозност, тоа воопшто не е исто со нарушувањето што го носи истото име. Вистина е дека стресот може да биде еден од предизвикувачите на нарушувањето, но многу е важно состојбите да не се мешаат, затоа што тоа не им помага на оние кои страдаат од анксиозност.

2. Анксиозноста е нешто што може лесно да се надмине

„Не мисли на тоа“, „Најди хоби“ или „Сè е во твојата глава“ се најлошите обиди да се даде поддршка на лице кое страда од анксиозност. Всушност, анксиозноста не е нешто што се решава со излегување, одење во кино и дружење. Да ѝ се каже на анксиозна личност да престане да се грижи е како обид за лепење на нешто што веќе е искршено. Исто како што се грижиме за физичките повреди, така треба да се однесуваме и со менталните нарушувања.

3. Прашањето „А што точно те прави анксиозен/анксиозна?“

Ова нарушување е комплексно и често нема точна причина која го предизвикала. Барањето од анксиозната личност да ги дефинира причините е апсурдно, особено поради тоа што не секогаш постои очигледна причина која прави да се чувствува и да се однесува така.

4. Несфаќање дека анксиозноста влијае и на физичкото здравје

Ако не можете да ја видите болеста, не значи дека таа не постои, ниту пак тоа ја прави помалку реална од физичките болки и повреди. Анксиозноста често може да предизвика дигестивни проблеми и мигрени.

5. Цврст став дека ќе помине само од себе

Анксиозноста не е нешто што може да се намачка со крема или да се дезинфицира со хидроген. Ретки се случаите кога таа поминала без помош од стручно лице и соодветна терапија. Поради тоа и не смее да се молчи доколку постојат симптоми, туку треба да се побара мислење од лекар, психолог, а ако има потреба и да се препише терапија.

извор: кафепауза

loading...
  Категории: