Променливо облачно со сончеви периоди

 Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините со магла или значителна ниска облачност која попладне ќе се намалува.Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, наутро со услови за појава на магла и ниска облачност кои попладне ќе се намалуваат. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со умерена до значителна облачност најизразена во недела и понеделник, по котлините и понатаму ќе има појава на магла.

Back to top button
Close