Најмладиот шампион во решавање на рубикова коцка Ѓорѓи Чешмиевски во „Студио 1“

Најмладиот шампион во решавање на рубикова коцка Ѓорѓи Чешмиевски во „Студио 1“
13.07.18   23:33

Прочитано : 308

Print This Article
Rubik

Осумгодишниот Ѓорѓи Чешмиевски е најмлад шампион во решавање на рубикова коцка во Македонија. Љубовта на прв поглед кон логичката играчка му се јавила случајно пред две години, објаснува неговиот татко, Ристо Чешмиевски.

-Јас не знам да решавам рубикова коцка. Не сме го научиле ние. Самоук е, со помош од интернет и јутуб. Љубовта се роди сама, ние само му дадовме поддршка, ни беше интересно. Годинава го подигнавме нивото на попрофесионално, отидовме на два натпревари, објаснува тој.

-Прво пробував сам, потоа видов на јутуб. Има видеа за почетници, за добри. Почнав за почетници, пробував и пробував и стигнав до крај, вели Ѓорѓи.

Родителите сметале дека Ѓорѓи си игра, но сфатиле дека е сериозно кога почнал да им посочува рекордни времиња. Планираат преку фан страна на фејсбук да ги популаризираат рубиковата коцка и натпреварите во Македонија.

-Стапивме во контакт со светската кјубинг организација и ни дозволија да организираме првенство во Македонија, во 2019 на почетокот на февруари, вели Ристо.

До сега Ѓорѓи учествувал на два меѓународни натпревари, во Албанија и во Бугарија, на првиот имал четири македонски рекорди, а на вториот седум.

loading...
loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести