Ескалира политичкото насилство во Пакистан: 27 убиени од бомба на предизборен митинг

Ескалира политичкото насилство во Пакистан: 27 убиени од бомба на предизборен митинг
13.07.18   21:11

Прочитано : 53

Print This Article
loading...

Најмалку 27 лица се убиени, а 40-ина се ранети при експлозија на бомба на предизборен митинг во градот Мастунг во југозападен Пакистан.


Главна цел на нападот била колоната возила на Сираџ Рајсани, кандидат за пратеник во провинцијата Балучистан, кој бил убиен во нападот. Се работи за брат на поранешниот премиер на Балучистан, Наваб Аслам Рајсани. Тој е вториот политички кандидат убиен во Пакистан во текот на предизборната кампања.

Нападот доаѓа во време кога поранешниот премиер на Пакистан, Наваз Шариф, се враќа во земјата во обид да ја обнови својата политичка кариера, додека привремената Влада на Пакистан се обидува да го уапси.
Во северниот град Бану денеска имало уште еден бомбашки напад, насочен против поддржувачи на Шариф, во кој биле убиени четири лица.

  Категории: